En savoir plus sur le livre
Во 12 животни правила клиничкиот психолог и прославен професор на Харвард и на Универзитетот во Торонто, д-р Џордан Б. Питерсон им помогна на милиони читатели да воведат ред во хаосот на своите животи. Во ова смело продолжение Питерсон дава уште дванаесет спасоносни принципи за да се спротивставиме на исцрпувачките искушенија што неминовно ги носи нашата желба за уредување на светот според нашите мерила. Во време кога човечката волја сè повеќе се наметнува над секоја сфера на животот – од нашите социјални структури до нашите емотивни состојби – Питерсон предупредува дека преголемата безбедност е опасна. Покрај тоа, тој нуди стратегии за надминување на културните, научните и психолошките сили што не тераат кон тиранија и не учи, наместо тоа, да се потпреме на својот инстинкт за да најдеме значење и цел, дури и кога ќе се почувствуваме немоќни, или најмногу тогаш. Иако хаосот, кога е прекумерен, ни се заканува со нестабилност и страв, неконтролираниот ред може да не скамени и да не натера на покорност. Надвор од редот повикува на балансирање на овие два фундаментални принципа на самата реалност и нè води по правиот и тесен пат што ги дели.
Achat du livre
Надвор од редот, Jordan Peterson
- Langue
- Année de publication
- Reliure
- (rigide),
- État du livre
- Bon
- Prix
- 7,49 €
Modes de paiement
Personne n'a encore évalué .
- Titre
- Надвор од редот
- Sous-titre
- Уште 12 животни правила
- Langue
- Autre langue
- Auteurs
- Jordan Peterson
- Éditeur
- Издавачки центар ТРИ
- Format
- rigide
- ISBN10
- 6082307623
- ISBN13
- 9786082307626
- Séries
- Mots clés
- Description
- Во 12 животни правила клиничкиот психолог и прославен професор на Харвард и на Универзитетот во Торонто, д-р Џордан Б. Питерсон им помогна на милиони читатели да воведат ред во хаосот на своите животи. Во ова смело продолжение Питерсон дава уште дванаесет спасоносни принципи за да се спротивставиме на исцрпувачките искушенија што неминовно ги носи нашата желба за уредување на светот според нашите мерила. Во време кога човечката волја сè повеќе се наметнува над секоја сфера на животот – од нашите социјални структури до нашите емотивни состојби – Питерсон предупредува дека преголемата безбедност е опасна. Покрај тоа, тој нуди стратегии за надминување на културните, научните и психолошките сили што не тераат кон тиранија и не учи, наместо тоа, да се потпреме на својот инстинкт за да најдеме значење и цел, дури и кога ќе се почувствуваме немоќни, или најмногу тогаш. Иако хаосот, кога е прекумерен, ни се заканува со нестабилност и страв, неконтролираниот ред може да не скамени и да не натера на покорност. Надвор од редот повикува на балансирање на овие два фундаментални принципа на самата реалност и нè води по правиот и тесен пат што ги дели.



